Почна филтрирањето на играчи за пионерската репрезентација

167

Една од новините што РФМ ги воведе е формирањето на пионерска репрезентација во машка конкуренција (У15), со цел навремено препознавање и развој на најталентираните ракометари од оваа генерација.

За селектор на најмладата национална селекција беше назначен Никола Матлиески, тренер со богато искуство во домашниот ракомет.

Во изминатиот период, Матлиески заедно со стручниот штаб започна со селективни активности, при што се врши евалуација и избор на потенцијални репрезентативци кои во иднина ќе го сочинуваат јадрото на пионерската репрезентација.

Преку организираните изборни тренинзи се следат и голем број млади ракометари од целата држава, а крајната цел е да се создаде поширока база на играчи и да се постават темелите на идните младински и кадетски репрезентации на Македонија.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT