Деспина и понатаму ќе смета на репрезентативката Јованоска

7

Кадетската репрезентативка на Македонија, Анастасија Јованоска (генерација 2008), и во наредната сезона ќе биде дел од Деспина. Кружниот напаѓач имаше одлична сезона како во прволигашката конкуренција, така и во кадетската лига.

Во Првата лига постигна 107 погодоци на 24 одиграни натпревари и беше меѓу најдобрите десет стрелци, додека на кадетско ниво беше втор стрелец со 67 погодоци на седум одиграни натпревари.

Деспина сезоната во Првата лига ја заврши на 4. позиција, додека кадетките во својата конкуренција беа вицешампионки.

Добра вест за клубот од Прилеп е и останувањето на ветеранката Мери Гичева, поранешна репрезентативка со богато клупско искуство.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT