Се разделија Трајчевски и Радовиш

384

Кружниот напаѓач Томче Трајчевски повеќе не е член на Радовиш – клуб кој се врати во Првата лига, откако не успеа да обезбеди опстанок во најквалитетното домашно натпреварување, дознава Спортска Димензија.

Ресенчанецот и раководството на Радовиш одлучија секој да си продолжи по својот пат, па во следниот период треба да биде познато кој ќе биде новиот клуб на искусниот пикер.

Трајчевски се врати во редовите на Радовиш од Прилеп, а во кариерата настапуваше и за Јуниор КВ. Потекнува од школата на Преспа и важи за борбен ракометар кој може да одговори на задачите во двата правци.

Од Радовиш си заминуваат и Филип Трајанов и Мартин Димов, додека искусниот голман Славјан Паунов ја заврши кариерата. Наскоро ќе биде познато со каков состав ќе располага клубот за настапите во прволигашката конкуренција.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT