Италијанскиот шампион Олимпија Милано во натпревар од 8. коло од Евролигата славеше над Реал Мадрид со 85:76. Одлична партија против „кралевите“ имаше репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ.
Иако Димитријевиќ одигра 26 минути, сепак, беше најдобар во победничката екипа, натпреварот го заврши со 22 поени, еден скок и една асистенција, а го следеше Зек Ледеј со 17 поени.
За Димитријевиќ, кој во оваа сезона пристигна во Олимпија Милано, ова беше негова најдобра партија во дресот на „манекените“.