Пионерската лига со 19 екипи: Има два дебитанти, познати се и групите

402

На 26/27 септември ќе стартува новата натпреварувачка сезона во пионерската машка ракометна лига, во која бранител на титулата ќе биде Алкалоид.

Пионерската лига има голема важност за македонскиот ракомет, бидејќи токму во оваа конкуренција најмладите ракометари ги прават првите чекори во посериозниот натпреварувачки ритам. Покрај развојот на младите таленти, ова натпреварување претставува и важна база за создавање на идните носители на македонскиот ракомет.

Во сезоната 2026/27 ќе партиципираат 19 екипи, меѓу кои и два дебитанти – тоа се новите ракометни клубови Либра од Валандово и Феникс од Радовиш.

Двата дебитанти ќе играат во иста група, односно ќе бидат дел од групата Б, во која ќе има уште осум екипи, додека во групата А ќе настапуваат девет екипи.

Уште во групната фаза ќе има братски дуели во двете групи – Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, односно Алкалоид и Мулти Есенс, како и градското дерби меѓу Радовиш и Феникс.

Група А: Пролет, Струга, Тиквеш, Македонија Ѓорче Петров, Еурофарм Пелистер, Охрид, Прилеп, Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје

Група Б: Младост, Либра, Алкалоид, Вардар, Радовиш, Илинден Вардар, Гемиџии, Мулти Есенс, Куманово и Феникс

По завршувањето на регуларниот дел, во кој ќе се игра по еднокружен бод систем, првите четири екипи од двете групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето. По четвртфиналните дуели, најдобрите четири екипи ќе се пласираат на завршниот турнир – Ф4, каде што ќе се води битката за шампионската титула во новата сезона.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе