Овој викенд беа одиграни натпреварите од 2. коло од кадетската машка ракометна лига, а најмногу возбудувања имаше во групата А, поточно на натпреварите на Прилеп и Кавадарци.
Натпреварот меѓу Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 заврши без победник, 28:28, додека во Кавадарци бодовите ги освои Пролет, кој со голот на Филип Коцев успеа да си замине со победа од 26:25. Од оваа група, гостинска победа остварија и Алкалоид и Еурофарм Пелистер.
Во групата Б немаше поголеми возбудувања. Вардар експресно мина на гостувањето кај Текстилец во Штип, а истиот случај беше и со Младост, кој пред својата публика славеше над Македонија Ѓорче Петров за „два од два“ на стартот од новата сезона. Куманово, пак, предводен од Михаел Младеновски, ги освои бодовите на гостувањето во Велес.
Кадетска лига, 2. коло, резултати:
Група А
Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 28:28 (15:13)
Мартин Димоски 8, Марко Ивчев 7, Бојан Наскоски 5/Новак Вељановски 16
Тиквеш – Пролет 25:26 (11:11)
Филип Јанчев 6, Зоран Булуков 6, Марио Ѓорѓиев 5/Марио Поповиќ 10, Филип Коцев 9
Струга – Еурофарм Пелистер 15:21 (8:11)
Горазд Ојлески 5/Дамјан Мартиновски 4, Андреј Мадзов 4
Преспа – Алкалоид 28:37 (17:18)
Виктор Ѓорѓиевски 13, Александар Волкановски 8/Калин Краљевски 11
ТАБЕЛА

Група Б
Текстилец – Вардар 17:53 (8:23)
Наум Коцев 5, Димитар Алексовски 4/Стефан Антевски 7
Младост – Македонија ЃП 35:23 (18:11)
Антонио Каракабаков 12, Стојан Иванџиков 10/Владимир Иванов 12
Гемиџии – Куманово 25:30 (8:13)
Андреј Јакимовски 7/Михаел Младеновски 14
Тимот на Мулти Есенс беше слободен во 2. коло
ТАБЕЛА

По две одиграни кола, ова се најдобрите стрелци:
Виктор Ѓорѓиевски (Преспа) – 32
Владимир Иванов (Македонија ЃП) – 26
Новак Вељановски (Еурофарм Пелистер) – 25
Антонио Каракабаков (Младост) – 23
Стојан Иванџиков (Младост) – 22
Филип Коцев (Пролет) – 21