Ла Риоха ја очекува пеколна атмосфера во Битола: Побрзајте по билети за европскиот дуел на пелистерци

1

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер вечерва пред својата публика ја започнува европската авантура, односно настапот во Лигата на Европа.

Во рамките на првото коло, гостин во Битола ќе биде шпанскиот тим Ла Риоха, а за вечерашниот дуел во спортската сала „Боро Чурлевски“ останати се уште околу 400 влезници.

Цената на билетите изнесува 300 и 350 денари, во зависност од местото на седење на трибините. Сите заинтересирани навивачи што сакаат да ги поддржат пелистерци на отворањето на европската сезона можат да набават билети на следниот ЛИНК, како и на неколку локации низ Битола (T.A. S-Travel Bitola и Dimpo Tobacco).

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Ла Риоха започнува во 20:45 часот.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе