Еурофарм Пелистер, Мулти Есенс и Куманово со максимален ефект кај кадетите

100

Вчера започна новото, 5. коло кај кадетите, а денеска со натпреварот меѓу Алкалоид и Еурофарм Пелистер 2 стартува и 6. коло.

Кадетските екипи на Еурофарм Пелистер, Мулти Есенс и Куманово се единствените три тима во оваа конкуренција кои досега немаат загубено бодови, односно имаат максимален ефект.

Еурофарм Пелистер на свој терен славеше над Прилеп со убедливи 42:20 за „пет од пет“ во досегашниот тек од сезоната. Битолчани се на првото место во групата А со десет бода, три повеќе од кадетскиот тим на Еурофарм Пелистер 2.

Еурофарм Пелистер 2, кој формално беше домаќин на Преспа во Ресен, со подобрата игра во второто полувреме стигна до третата сезонска победа (30-20), со која го презеде второто место во групата А.

Еден од најдобрите стрелци во лигата, Новак Вељановски, беше најефикасен во победничкиот тим со осум погодоци, додека Марко Гламновски постигна седум. Во составот на Преспа, Виктор Ѓорѓиевски повторно имаше одлично издание, завршувајќи го натпреварот со 11 гола.

Со новите погодоци, Ѓорѓиевски стигна до вкупно 69 гола на пет одиграни натпревари, односно просек од 13,80 погодоци по натпревар, што е најдобар моментален просек во лигата.

До третата сезонска победа стигна и Пролет, кој на домашен терен славеше над Алкалоид. Домаќините, предводени од Филип Коцев со 11 и Марио Поповиќ со осум гола, триумфираа со три гола разлика, 29:26.

КАДЕТСКА МАШКА ЛИГА, 5. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ

Група А
Еурофарм Пелистер – Прилеп 42:20 (24:11)
Андреј Китески 5, Дамјан Мартиновски 5/МартинДимоски 4, Илија Стојаноски 4, Вања Ѓорѓиоски 4
Еурофарм Пелистер 2 – Преспа 30:20 (14:14)
Новак Вељановски 8, Марко Гламновски 7/Виктор Ѓорѓиевски 12
Пролет – Алкалоид 29:26 (16:11)
Филип Коцев 11, Марио Поповиќ8/Димитри Колески 6
15.10, 19:00 часот – Тиквеш – Струга

Во групата Б, Мулти Есенс и Куманово продолжуваат со максимален ефект, додека 5. коло ќе биде комплетирано со натпреварот меѓу Вардар и Младост. Екипата на Гемиџии е слободна во ова коло. Мулти Есенс и Куманово имаат по осум бода, Младост, Вардар и Македонија ЃП по четири, додека Гемиџии и Текстилец засега немаат освоено бод во кадетската конкуренција.

Група Б

Куманово – Текстилец 39:13 (23:7)
Михаел Милановски 8/Матеј Каранфиловски 4
Мулти Есенс – Македонија ЃП 52:29 (24:12)
Калин Степаноски 7, Емануел Вумвулакис 7/Теодор Гиевски 13
15.10, 20:15 часот – Вардар – Младост
Гемиџии – слоб.