РФМ ќе организира натпреварување за помлади пионери и мини ракомет

86

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) планира организирање турнирски натпреварувања за помлади пионер(к)и до 13 години – деца родени во 2014 и 2015 година.

Првиот турнир е предвидено да се одржи на 31 октомври во Скопје, по што активностите треба да продолжат и во други градови низ Македонија.

РФМ ги повика заинтересираните клубови да ги пријават своите екипи и да достават податоци за бројот на деца по генерација, најдоцна до 21 октомври.

Дополнително, домашната ракометна куќа планира активности и турнири во мини ракомет за децата родени во 2016 година и помлади.

Целото соопштение во продолжение…

СООПШТЕНИЕ ДО РАКОМЕТНИТЕ КЛУБОВИ
Почитувани,
Ракометната федерација на Македонија, со цел поттикнување на развојот и популаризацијата на ракометот кај најмладите категории, планира организирање на турнирски натпреварувања во категоријата помлади пионери У13, за деца родени во 2014 и 2015 година.
Во таа насока, ги повикуваме сите заинтересирани ракометни клубови најдоцна до среда, 21.10.2026 година, да достават пријава со следните информации:
* Назив на ракометниот клуб;
* Број на екипи со кои клубот планира да учествува;
* Број на деца по генерација У13 (2014 и 2015 година) (со име и презиме и датум на раѓање)
* Јасно наведување дали станува збор за машки или женски екипи, со посебно прикажан број на деца за секоја категорија.
Првиот турнир е планирано да се одржи на 31.10.2026 година во Скопје, по што е предвидено натпреварувањата да продолжат со организација на турнири и во други градови низ Македонија.
Дополнително, со цел создавање услови за вклучување и на најмладите ракометари, ги повикуваме клубовите да достават информации и за бројот на деца родени во 2016 година и помлади, кои би биле заинтересирани за учество во активности и турнири во категоријата мини ракомет. И за оваа категорија потребно е одделно да се наведе бројот на машки и женски деца.
Пријавите потребно е да се достават најдоцна до 21.10.2026 година на следните електронски адреси:
До (To): handball@macedonianhandball.com.mk
Копија (CC): mirkulovski@macedonianhandball.com.mk и ivan_iosifovski@outlook.com
Врз основа на доставените пријави, Ракометната федерација на Македонија ќе пристапи кон утврдување на форматот, распоредот и начинот на организација на натпреварувањата, за што клубовите ќе бидат дополнително известени.
Веруваме дека преку ваквиот начин на натпреварување ќе овозможиме поголема вклученост на децата, стекнување натпреварувачко искуство и создавање позитивна спортска атмосфера, со што заеднички ќе придонесеме за развојот на младинскиот ракомет во Македонија.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе