Во рамките на 6. коло од младинската лига, актуелниот шампион Мулти Есенс славеше над Еурофарм Пелистер 2 со 38:34, а во спортската сала „Автокоманда“ блескаше кадетскиот репрезентативец Горазд Дамчевски.
Левиот бек, кој минатата сезона го доби признанието за најдобар на својата позиција на Ф4 турнирот во кадетската лига, тогаш како член на Пролет, одигра одличен натпревар и постигна 14 погодоци, со што беше најефикасниот играч на средбата.
Во составот на битолчани се истакнаа Андреј Дамчевски со девет, Јован Симоновски со осум и Стефан Лазаревски со седум погодоци.
За Мулти Есенс ова беше петта победа во новата натпреварувачка сезона. Со триумфот над Еурофарм Пелистер 2, актуелниот шампион стигна до десет бода, два помалку од Бутел, кој засега е единствениот тим со максимален ефект – шест победи на шест натпревари.
Младиот тим на Еурофарм Пелистер 2, пак, останува на шест бода на табелата.