🎥Милановски му донесе бод на Младост во Велес (ВИДЕО)

2

Во натпревар од 7. коло од кадетската машка лига, екипите на Гемиџии и Младост одиграа неизвесен дуел во Велес, кој заврши без победник, 30:30.

Домаќините, при водство од 30:29, имаа напад за победа, но не го реализираа, па гостите од Богданци, преку Даниел Милановски, се изборија за голем бод.

На видеото, неизвесниот финиш од натпреварот во Велес и голот на Милановски.

По голот на Милановски, до крајот останаа уште неколку секунди, во кои ракометарите на Гемиџии повторно погрешија, а за нов гол на Младост немаше време, па двете екипи мораа да се задоволат со по еден бод.

Најефикасен на натпреварот беше Стојан Иванџиков од Младост со 11 погодоци, додека неговите соиграчи Антонио Каракабаков и Матеј Митев имаа осум, односно шест реализации.

Во редовите на Гемиџии, Андреј Јакимовски и Бојан Мартинов беа најефикасни со по седум погодоци, додека голманот Давид Петрушев забележа 13 одбрани.

За Младост ова беше прв освоен бод по одличниот старт – триумфот над Македонија ЃП и Текстилец во воведните две кола. Гемиџии во претходното, 5. коло ја забележа првата победа, откако без проблеми дојде до триумф над Текстилец од 41:15.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе