КК Чаир по одиграниот натпревар во спортската сала „Боро Чурлевски“ излезе со соопштение, кое беше пласирано на социјалните мрежи, дека бил каменуван автобусот со кој се превозувале играчите. Во соопштението, освен за каменуваниот автобус, се наведува дека играчите на Чаир биле навредувани од домашната публика.
Денешниот дуел од 9. коло од Првата кошаркарска лига заврши со победа на пелистерци од четири разлика, 77:73.