Тимот на ТФТ за остатокот од тековната сезона се пофали со нов играч. Станува збор за Алекс Котов, кој ги покрива позициите четири и пет. Русинот во редовите на македонскиот прволигаш пристигнува од тимот на Уралмаш, а претходно беше дел од два универзитети во САД – Илиноис и Кемпбел.
Неговиот деби настап за ТФТ би требало да биде на дерби дуелот со Работнички. Пресметката меѓу двата скопски ривали е закажана за овој викенд.
ТФТ по 16 одиграни кола се наоѓа на втората позиција на табелата, веднаш зад актуелниот шампион МЗТ Скопје. Поранешниот Куп освојувач на Македонија во дербито со Работнички ќе посакува излез од резултатската криза.