Македонскиот стратег Владимир Мирковски е нов тренер на Војводина, клуб кој се натпреварува во АБА 2 лигата, откако довчерашниот тренер Милош Исак Ковачевиќ мораше да замине од тренерската функција поради здравствени проблеми.
Мирковски во својата тренерска кариера го водеше Куманово и беше прв асистент во МЗТ Скопје, со кој го освои македонскиот шампионат во 2015 година, а беше дел и од Акдадемија ФМП. Од страна на кошаркарската куќа на Македонија двапати беше прогласен за тренер на годината, во 2013 и 2015 година.