МЗТ закажа полуфинале со Пелистер

100

Екипата на МЗТ Скопје на лесен начин обезбеди полуфинале во Купот на Македонија, откако славеше над вечниот ривал – Работнички со 97-63 (22-16, 23-12, 20-12, 32-23). Аеродромци доминираа на теренот, додека Работнички немаше ниту енергија, ниту пак знаеше како да ги задржи разиграните играчи на Атанасов.

МЗТ Скопје во полуфиналето ќе се сретне со Пелистер, кој во четвртфиналето славеше над Чаир. Во другото полуфинале ќе играат домаќинот Кожув и изненадувањето Гостивар. Како што е познато, тимот на Кожув го победи Куманово со 81:69, додека Гостивар го изненади ТФТ со 72:62.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT