М12: Вардарци го освоија трофејот – Максим Данев МВП!

100

Тимот на Вардар го победи Борец од Велес во финалето на М12 лигата по две продолженија, со резултат 80:76. Натарпреварот мина со многу пресврти и неизвесност до последната секунда. Вардар успеа да се врати од минус, а победата ја обезбеди во второто продолжение, благодарение на одличната игра на Данев.

Токму Максим Данев ја доби наградата за МВП, односно најкорисен играч на Ф4 турнирот, кој се одржа во Тетово.

ФОТО: kfsm.mk

Младиот кошаркар на Вардар реализираше 35.поени во финалето, извесно, даде најголем придонес во победата на Вардар, и сосема заслужено го понесе вредното признание.

Резултати од ф4 турнирот:
Полуфинале
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 66:56
Љуботен Тетово – Борец Баскет 45:64
Натпревар за трето место
МЗТ Скопје Аеродром – Љуботен 74:30
Финале
Вардар – Борец Баскет 80:76

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT