Вардар со лесна победа се загреа за дуелот со Порто

445

Ракометарите на Вардар денеска во натпревар од 8. коло од Супер лигата на свој терен немаа многу проблеми против Куманово, триумфираа убедливо со 31:21 (15:6). Предводник во нападот на домаќините беше Ашраф Маргхели со пет погодоци, додека во поразениот табор одлична партија имаше младинскиот репрезентативец Давид Димевски со десет погодоци.

За Вардар натпреварот со Куманово беше загревање за дуелот против Порто во рамки од 3. коло од Лигата на Европа. Избраниците на Владо Недановски на 22 октомври во СЦ „Јане Сандански“ против португалскиот тим ќе ја бркаат втората победа во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе