Исчезнале пари од паричник на судија по меч од Првата лига

186

Непријатен инцидент го одбележа полуфиналниот натпревар од плеј-офот во македонската женска кошарка меѓу Крива Паланка и Вардар,  натпревар одигран на 22 април, откако судијата Борјан Божиновски пријавил дека му недостасуваат пари од паричникот.

Според информациите, веднаш по завршувањето на средбата, Божиновски забележал дека му недостасуваат 2.500 денари, по што се обидел да стапи во контакт со организаторот на натпреварот. Наместо решение, ситуацијата ескалирала во вербална расправија во која биле вклучени и други лица од домашниот тим.

По ескалацијата на ситуацијата, во салата пристигнала полиција која ги сослушала инволвираните и составила службен записник. Иако му било понудено да покрене постапка, судијата одлучил да не го продолжи случајот понатаму.

Натпреварот, инаку, поминал без официјални жалби од двете екипи, но случувањата по неговото завршување фрлија сенка врз целиот настан.

Овие две екипи ќе играат „мајсторка“ за пласман во финалето.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT