МЗТ несреќно загуби од Домжале во АБА 2

151

Македонскиот шампион МЗТ Скопје на свој терен загуби од словенечкиот претставник Домжале со 72:70 и не успеа да дојде до втора победа во АБА 2 лигата.

Првата четвртина од неизвесниот натпревар заврши нерешено, 17:17, гостите ја добија втората четвртина со 17:13 и на пауза заминаа со предност од 34:30. МЗТ Скопје одигра далеку подобро во првите десет минути од вториот дел (25:15), додека во оние одлучувачки последни десет минути, гостинот подобро се снајде и успеа со подобрата игра во финишот да дојде до прв триумф.

Најдобар во домашниот тим беше Брендон Слај со 20 поени, а го следеше Дион Едвин со 17. Во победничката екипа Ловро Урбиха беше прво име со 14 поени, 11 имаше Јан Земљиќ

Аеродромци овој викенд во рамки од 4. коло од домашниот шампионат ќе играат против Куманово и против дебитантот ќе се борат за трет сезонски триумф.  Во претходното 3. коло, МЗТ Скопје во Битола беше поразен од вицепрвакот Пелистер.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе