Европското младинско првенство ќе се одржува во периодот од 8 до 19 јули во Романија, а еден од учесниците ќе биде и репрезентацијата на Македонија. Нашите надежи се наоѓаат во тешка група, каде за противници ги имаат селекциите на Данска, Норвешка и Хрватска.
Сепак, нашите ракометари веруваат во своите можности и ќе се обидат да го покажат својот квалитет на големата европска сцена. Македонија сите натпревари од групната фаза ќе ги одигра во ист термин – од 13:30 часот во „BTarena“ во Клуж.
Избраниците на селекторот Игор Илиевски турнирот ќе го започнат против Норвешка, потоа следува дуелот со Хрватска, додека групната фаза ќе ја затворат против силната Данска.
Распоред на натпревари:
08.07, 13:30 часот: Норвешка – Македонија
09.07, 13:30 часот: Хрватска – Македонија
11.07, 13:30 часот: Македонија – Данска
Пред настапот на Европското првенство, селекторот Илиевски повика 18 ракометари за подготвителниот период и пријателските натпревари, а целта ќе биде тимот што подобро да се подготви за предизвиците кои ги очекуваат на ЕП.
Илиевски го скрати списокот: Еве кои се 18-те повикани пред ЕП!