По ангажирањето на двете засилувања – искусниот Тоше Ончев и Тунижанецот Мохамед Азиз Бен Махфуд, суперлигашот Тиквеш денеска го промовираше и третото ново име за следната сезона.
Станува збор за младиот кружен напаѓач, 20-годишниот Борјан Цековски, кој во Кавадарци ќе пристигне од редовите на Куманово.
Со ангажирањето на Цековски, Тиквеш продолжува да гради состав кој ќе биде комбинација на младост и искуство, а младотo засилување треба да донесе дополнителна енергија и конкуренција на линијата од шест метри.
Цековски беше дел и од Овче Поле, Радовиш, КЛ7 Свети Николе, а го носеше дресот и на Младост Богданци, клуб во кој настапуваше на позајмица од Куманово.
Тиквеш во новата сезона најверојатно повторно ќе игра во Европа, откако раководството на клубот аплицираше за вајлд-карта за настап во Европскиот Куп.
Клубот од Кавадарци ја исполни зацртаната цел во изминатата сезона со пласманот во плеј-оф фазата.