Талентираната Анамарија Накова останува во Астибо

317

Довчерашниот суперлигаш Астибо, кој одлучи наредната сезона да настапува во прволигашката конкуренција, ќе може да смета на услугите на една од најталентираните млади ракометарки во земјава – пионерската репрезентативка Анамарија Накова (генерација 2011).

Накова зад себе имаше одлична сезона на сениорско и пионерско ниво. Левиот бек беше втор најдобар стрелец во пионерската лига со 126 погодоци на само 15 одиграни натпревари, а воедно беше и најдобар стрелец на пионерскиот Ф4 турнир во 2025 година.

Со Астибо, талентираната ракометарка во изминатата сезона го освои вицешампионското место во пионерската лига, додека во 2025 година настапи на Ф4 турнирот во истата категорија, каде што штипскиот тим стигна до бронзениот медал. На завршниот турнир во Битола блескаше со дури 26 погодоци и сосема заслужено го понесе признанието за најдобар стрелец на турнирот.

На сениорско ниво беше дел и од големиот успех на Астибо, кога клубот од Штип во сезона 2024/25 го оствари својот најголем успех во клупската историја – пласман во плеј-офот од Женската лига.

ФОТО: ЖРК Астибо

Со цел поголема стабилност на клубот, раководството на Астибо одлучи во следната сезона да се пресели во Првата лига, каде што ќе има можност постепено да ја гради екипата и да создаде посилни темели за иднината.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT