Екипата на Тиквеш пред својата публика запиша важна победа во натпревар од 8. коло од Супер ракометната лига.
Избраниците на Кристијан Грчевски славеа над незгодниот Куманово со 30-28 и се израдуваа на четвртата сезонска победа. За Тиквеш ова беше враќање на победничките патеки, откако во претходното коло на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер 2 одигра лош натпревар.
Со новите бодови, кавадарчани сега го прескокнаа Прилеп на табелата и по осум одиграни кола се позиционираа на петтото место со девет бода – сега имаат еден повеќе од Прилеп и два повеќе од Еурофарм Пелистер 2, кој утре ќе гостува кај Охрид. Тие два тима му се главни конкуренти на Тиквеш за пласман во плеј-оф сегментот.
ТАБЕЛА
