Вардар со победа се одјави од Европа

383

Македонскиот вицепрвак Вардар со победа се прости од Европа, откако во натпревар од последното коло од групната фаза во Лигата на Европа славеше против Мелсунген со 32:30 (17:17).  За тимот предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, ова беше прв сезонски пораз на европска сцена.

Најефикасни кај Вардар беа Ларс Коиј со осум и Младен Крсманиќ со шест гола од шест обиди. Еспиња се покажа во одлично светло меѓу стативите и натпреварот го заврши со 15 интервенции.

Вардар на шест одиграни натпревари во Лигата на Европа оствари две победи, едно реми и три порази, два од Порто и еден на гости кај Мелсунген.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе