Македонија против Турција за прва победа на Европските првенства по 16 години

126

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе се соочи со Турција во рамки од 2. коло од Европското првенство 2024. Избраничките на Кристијан Грчевски на стартот на континенталниот собир беа поразени од Шведска, додека Турција очекувано загуби од Унгарија. За Македонија денешниот натпревар ќе биде шанса да се дојде до победа на Европските првенства после 16 години.

Македонија последната победа на Европското првенство ја имаше во 2008 година, тогаш домаќини на најдобрите европски репрезентации беа Скопје и Охрид. На тоа ЕП, Македонија го освои седмото место, а последната победа беше против Белорусија (29:24). На Европското првенство 2012 и 2022 беа забележани по три порази во групната фаза.

Натпреварот меѓу Македонија и Турција се игра во „Феникс Арена“ (Дебрецен) со почеток во 20:30 часот.

Распоред на денешните натпревари на ЕП:
15:30 ПОЛСКА – ПОРТУГАЛИЈА
18:00 ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА
18:00 НОРВЕШКА – АВСТРИЈА
18:00 ШВЕДСКА – УНГАРИЈА
20:30 МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА
20:30 СЛОВЕНИЈА – СЛОВАЧКА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе