Денеска си замина од МЗТ и за пет минути си најде нов клуб

384

Само неколку часа по објавата на МЗТ Скопје дека ја прекинува соработката со Хрватот Марко Баковиќ, искусниот кошаркар беше промовиран во актуелниот шампион на Хрватска, Задар. Баковиќ до крајот од сезоната ќе биде дел од тимот на Задар, а тоа значи дека, освен во хрватскиот шампионат, ќе настапува ѝ во АБА лигата.

Во македонскиот шампиона Баковиќ бележеше 6,2 поени и 5,3 скока, а во АБА2 лигата неговиот просек беше 92, поени и 6,4 скока. Иако пред стартот на оваа сезона, раководството на МЗТ Скопје и Баковиќ ја продолжија соработката, сепак, по развојот на настаните секој реши да си продолжи по својот пат.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе