„Вечните“ ривали ќе се сретнат во четвртфиналето од Купот на Македонија

92

Со завршувањето на 11. коло во Првата лига заврши првиот дел од сезоната во најквалитетното домашно натпреваруање, а со комплетирањето на ова кола познати се и паровите кои што ќе се сретнат во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Четвртфинални парови:
ТФТ – Гостивар
Пелистер – Чаир
МЗТ Скопје – Работнички
Куманово – Кожув

Победникот од натпреварот меѓу ТФТ и Гостивар во полуфиналето ќе се судри со подобриот од натпреварот меѓу Куманово и Кожув, додека подобриот од Пелистер – Чаир  за ривал ќе го има победникот од МЗТ – Работнички.

Завршниот турнир од Купот ќе се одржи во месец февруари, 2025 година, а актуелен бранител на трофејот е МЗТ Скопје, кој минатата сезона славеше во финалето во Битола над Пелистер.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT