Машката сениорска репрезентација на Македонија одигра одлично против Хрватска на пријателскиот натпревар во Вараждин, но загуби минимално со 27:25.
Избраниците на Кирил Лазаров одлично се покажаа против хрватската публика, на пауза имаа предност од 14:13, одлично се држеа и во вториот дел, а домаќините во последните минути подобро се снајдоа и победија.
Македонија до почетокот на Мундијалот ќе одигра уште две пријателски средби, против Сесвете на Игор Вори и против репрезентацијата на Зеленортските Острови.
Нашата репрезентација првиот натпревар на СП ќе го одигра на 15 јануари против Унгарија, потоа на 17 јануари силите ќе ги одмери со Холандија, додека 19 јануари ќе игра против Гвинеја.