Машката репрезентација на Македонија вечерва против хрватскиот суперлигаш Сесвете го одигра вториот пријателски натпревар пред настапот на СП и триумфираше со 14 гола разлика, 42:28 (18:12).
Избраниците на Кире Лазаров одиграа одлично во текот на целиот натпревар, а во вториот дел тимот предводен од Игор Вори целосно капитулираше.
Генералката пред стартот на Мундијалот, нашите ракометари треба да ја имаат на 12 јануари против селекцијата на Зеленортските Острови.
Македонија на Мундијалот 2025 за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Унгарија, Холандија и Гвинеја.