ТФТ победнички ја започна годината

75

По зимската пауза, денеска со натпреварот меѓу ТФТ и Гостивар беше отворено 13. коло во Првата лига, а тимот предводен од Боро Смилковски го одбрани домашниот терен триумфирајќи со 77:71.

ТФТ ја доби првата четвртина со 21:20, додека во вторите 10 минути одигра далеку подобро, влезе во една одлична серија и на пауза замина со предност од 46:37.

Гостите од Гостивар не се предаваа, но ТФТ не дозволи да има неизвесност како на првото соочување и одигра според планираното во последната четвртина.

Најдобар на теренот беше Максим Митевски, кој натпреварот го заврши со 17 поени, недоволни за поволен резултат на неговиот тим. Еден поен помалку, односно 16, имаше Давид Говенс од победничкиот тим.

Сега ТФТ со денешната победа се врати на лидерското место на табелата, има ефект од 10-3, додека Гостивар останува да се бори за пласман во плеј-оф фазата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе