Петровиќ повеќе не е тренер на Пелистер

16

Македонскиот кошаркарски стратег Александар Петровиќ по поразот од Куманово одлучи да си поднесе оставка од тренерската функција во вицепрвакот Пелистер. Од битолскиот тим јавно му се заблагодарија на Петровиќ за неговата посветеност во досегашниот тек, а во следниот период ќе се знае кој ќе биде новиот тренер на Пелистер, кој по 14 одиграни кола се наоѓа на 5. позиција на табелата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе