Машката репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на Светското првенство 2025, откако во натпреварот со Катар триумфираше со 39:34. Македонија со денешниот триумф стигна до четири бода во својата група и сега моментално се наоѓа на втората позиција.
Ова значи дека Македонија има теоретски шанси за четвртфинале, но за пласман меѓу најдобрите осум ќе треба да се поклопат сите резултати во корист на Македонија, но и избраниците на Лазаров да слават против Франција.