Шампионот падна во Гостивар

153

По четирите порази во низа, тимот на Гостивар им се врати на победите, откако пред својата публика го совлада актуелниот шампион МЗТ Скопје, во неизвесен финиш триумфираше со 60:55 во натпревар од 17. коло од најквалитетното домашно натпреварување. За Гостивар ова беше важна победа, а момците на Малинков уште еднаш покажаа дека имаат квалитет за плеј-оф.

Кај победничката екипа се истакнаа Дарко Соколов и Младен Грушановиќ со по 13 поени, а кај МЗТ Скопје најдобар поединец беше Војдан Стојановски со 18 поени.

Победата над МЗТ Скопје ќе биде дополнителна мотивација за Гостивар за четвртфиналниот дуел против ТФТ во рамки од Купот на Македонија.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе