Денеска во Гевгелија започна завршниот турнир во Купот на Македонија, а уште на смаиот старт се случи големо изненадување, откако Гостивар славеше над ТФТ со 72:62. Момците на Љупчо Малинков заслужено патуваат во полуфиналето, бидејќи целосно го надиграа тимот од Тафталиџе
Клучната разлика, вредна победа, Гостивар ја направи во третата четвртина, која ја доби со 19:10. ТФТ во последните десет минути во неколку наврати се закануваше, но во клучните моменти Гостивар беше целосно фокусиран и успеа да ја задржи стекнатата предност.
Победничката екипа беше предводена од Младен Грушановиќ и Џонатан Комагум, двајцата имаа по 15 поени, еден помалку имаше Елис, а големата надеж на македонската кошарка Максим Митевски зад своето има запиша 12 поени. Кај ТФТ се истакна Дарин Говенс со 19 поени.
Вториот патник во полуфиналето е вицепрвакот Пелистер, кој ја доби драмата со Чаир, триумфираше со 76:72. Кој ќе биде победникот, беше одлучено дури во последната минута, минута во која битолчани имаа повеќе среќа.
Одлично деби во Пелистер имаше Американецот Гамбрел, кој запиша 20 поени, а предводник беше Никола Мишковиќ со 23 поени. Кај Чаир, со по 23 поени, се истакнаа Мофит и Кели.