📷Големиот талент Јаничиќ облечен во руво под знакот на НБА

332

Големиот талент од Македонија, Никола Јаничиќ, е дел од деветтото издание на кампот „Кошарка без граници“, кој е организиран од ФИБА и НБА лигата. На кампот присутните учат за многу корисни работи како што се лидерството, образованието, здравиот начин на живот и спортскиот дух исполнет со почит и фер-плеј.

Јаничиќ својата кариера ја започна во Водно Санс, а минатото лето го освои златниот медал со јуниорската репрезентација на Македонија на Европското првенство Б дивизија. На континенталниот собир беше прогласен за најкорисен играл, односно МВП.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе