📷Италијанците чекаа во ред за фотографија со македонската легенда

153

Ракометарите на Алкалоид без многу проблеми обезбедија пласман во четвртфиналето во Европскиот Куп, на двапати го совладаа италијанскиот Бриксен во осминафиналето, најпрво во Италија славеа со 44:32, а вчера во спортската сала „Автокоманда“ триумфираа со плус седум, 38:31.

По одиграниот реванш натпревар, гостите од Италија чекаа во редица за да се фотографираат со тренерот на Алкалоид, Кире Лазаров. Сите играчи на Бриксен сакаа за спомен да си имаaт фотографија со македонскиот селектор. Вчерашниот пример ни покажа дека легендарниот Лазаров останува да биде идол и на новите генерации.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе