Екипата на Македонија Ѓорче Петров оствари важна победа во разигрувањето за Супер лигата, откако на гостувањето во Автокоманда славеше над Мулти Есенс со 31:29, во натпревар од 4. коло од плеј-оф фазата.
Возбудливиот натпревар во Автокоманда го реши Мартин Бучуковски, кој со својот петти гол на триесетина секунди пред крајот му донесе предност од 31:29 на гостинот, а домаќинот не успеа да реализира во преостанатото време.
Голот на Бучуковски за големото славје на Македонија Ѓорче Петров можете да го погледнете на видеото во продолжение…