Екипите на Алкалоид и Вардар го одиграа дерби дуелот од 6. коло од суперлигашкиот плеј-оф, а неизвенсиот меч во спортската сала „Автокоманда“ завши без победник, откако на десетина секунди пред крајот погоди кружниот напаѓач на Вардар, Милан Лазаревски, за 26:26. Иако домашниот тим на Кире Лазаров можеше да освои два бода, сепак, Маркоски не успеа да погоди на празна мрежа во последната секунда.
Нерешено беше и на полувреме, 12:12, во вториот дел двете екипи имаа свои моменти, но ниту една од нив не успеа да се одлепи на сериозна предност.
Кај домаќинот најефикасен беше Мартин Сераифмов со осум погодоци, а пет постигна Мартин Ивановски. Прво име во тимот на Вардар беше Вуко Борозан со седум реализации, една помалку имаше херојот на „црвено-црните“ Милан Лазаревски.
Вардар и Еурофарм Пелистер имаат по 13 бодови на табелата, Алкалоид има 9, следува Охрид со пет, Тиквеш има 3, додека Бутел Скопје два.