Тимур Дибиров: Сакав кариерата да ја завршам во Вардар, таму се чувствував како НБА ѕвезда!

239

Поранешниот репрезентативец на Русија и екс член на Вардар, Тимур Дибиров, кој со Вардар ги освои двете титули во Лигата на шампионите, овој месец ќе стави крај на својата богата кариера. Русинот ќе ја заврши кариерата во дресот на Загреб, клуб во кој настапува откако го напушти Вардар.

Левото крило во интервју за хрватски „Спорт Клуб“ раскажа како дошло до неговиот трансфер од Вардар во Загреб, а за времето поминато во поранешниот шампион на Македонија истакна дека се чувствувал како НБА ѕвезда.

„Играв за Вардар, па мојот план беше да ја завршам кариерата таму, бидејќи навистина ми дадоа многу, некако се чувствував должен. Сепак, клубот беше суспендиран од европските натпреварувања, знаев дека се ближи крајот на мојата кариера, а со оглед на тоа што цел живот играм во Лигата на шампионите, не сакав да останам само во македонскиот шампионат. Ме контактираа од Загреб и веднаш го прифатив договорот. Во Македонија ракометот е спорт број еден. Кохезијата што ја има Вардар со навивачите е фасцинантна, а без тоа немаше да освоиме две Лиги на шампиони. Играм во друг клуб веќе три години, но сепак добивам пораки од вардаровите навивачи кои сакаат да дојдам да го одиграм последниот меч во Скопје и да ми оддадат заслужено збогување. Во Вардар не играв за пари, таму се чувствував како НБА ѕвезда“, изјави Дибиров.

Искусниот Дибиров го носеше дресот на Вардар од сезоната 2013/14 до 2021/22, а во македонскиот тим пристигна од Чеховски Медведи.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT