Иако кон крајот на мај раководството на Вардар и Гиљермо Милано се договорија за нова соработка, сепак, Аргентинецот нема да ги предводи „црвено-црните“ во следната сезона.
Низ ракометните кулоари кружат информации дека Милано веќе добил отказ, па така Вардар во новата сезона ќе има нов тренер.
Милано ја презеде клупата на Вардар пред почетокот на штотуку завршената сезона и успеа со клубот да го освои трофејот во Купот на Македонија. Сепак, на најважниот натпревар во сезоната, оној против вечниот ривал Еурофарм Пелистер, неговите избраници не успеаја да стигнат до победа и да ја вратат титулата во вардаровите витрини.
Клубот веќе ангажираше неколку квалитетни засилувања за следната сезона, а останува да се види дали ќе бидат потврдени шпекулациите за заминувањето на аргентинскиот стратег.