Романски судии за полуфиналето на Еурофарм Пелистер во ЛШ!

421

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше официјалните лица за полуфиналните натпревари од Ф4 турнирот во младинската Лига на шампиони кој ќе се одржи на 14 и 15 јуни.

Македонија ќе има свој претставник на завршниот турнир, откако Еурофарм Пелистер во Букурешт испиша историја и си обезбеди пласман меѓу најдобрите четири младински екипи.

Ривал во полуфиналето на избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски ќе биде данскиот ГОГ Гудме, а правдата на овој дуел ќе ја делат Марија Корина Бадеа и Барбара Цинтија Шандор од Романија. Делегати на натпреварот ќе бидат Бит Нагел од Швајцарија и Пол Несер од Луксембург.

Доколку младите пелистерци обезбедат финале, за златото ќе се борат со подобриот од дуелот меѓу Барселона и Веспрем.

Натпреварот меѓу македонскиот и данскиот тим е закажан за 14 јуни од 09:00 часот, а како што е познато, сите натпревари, освен финалето, ќе се играат во Дормаген, град во близината на Келн.

„Неки нови клинци“: Иднината на Еурофарм Пелистер и македонскиот ракомет е во сигурни раце

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT