Екипата на Фуксе Берлин пред неколку дена испиша историја и за првпат успеа да ја освои титулата во Бундес лигата. Ракометарите на Фуксе Берлин немаат многу време за славје, бидејќи веќе овој викенд ги очекува настапот на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.
Еден од најзаслужните за освоената титула на Фуксе Берлин, како и за пласманот на завршниот турнир во најквалитетното европско натпреварување, е поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев
Србинот со Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезона 2018/19, а откако си замина од Македонија, настапува во таборот на „лисиците“.
Во интервју за српскиот портал „Моцарт Спорт“, Милосављев се присети на настапот во Келн.
„Кога ја освоив титулата со Вардар во 2019 година, дојдовме како аутсајдери на Ф4 турнирот, како најниско рангирани, а на крајот бевме шампиони. Ф4 турнирот е нешто посебно, различно од сè друго. Два натпревари за два дена… исцрпувачки распоред и само детали одлучуваат каков ќе биде исходот”, изјави Милосављев.
Фуксе Берлин за ривал во полуфиналето го има Нант, а во второто полуфинале ќе играат Барселона и Магдебург.