Тимот на Чаир во следната сезона ќе биде посилен и со искусната интернационалка од Бразил, Исабела Де Хесус Клементе Фереира, па така тренерот Басри Љатифи ќе има повеќе опции на располагање.
Фереира во редовите на третопласираниот тим доаѓа од португалскиот тим Алавериум. Бразилката е веќе етаблирана ракометарка во португалскиот шампионат и ќе биде големо засилување за македонскиот тим.
Во својата кариера, Фереира има настапувано и за Сорокаба од Бразил и Сао Педро од Португалија. Претходно, Чаир се засили и со голманката Ема Кирова и левото крило Мила Трајковиќ, со што клубот продолжува активно да се подготвува за новата сезона.