„Сакаме да го имаме златото во Келн“

213

Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер ќе игра на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите и ќе се обиде да ја израдува Битола и целата нација.

Битолчани во полуфиналето силите ќе ги одмерат со ГОГ Гудме од Данска, а доколку бидат подобри, тогаш во финалето ќе се борат со победникот од натпреварот Барселона – Веспрем.

Левото крило Леонид Лозановски ги истакна своите очекувања пред настапот на Ф4 турнирот.

„Патот до победата е тежок и долг. Но ние сме физички и тактички подготвени, благодарение на нашите тренери. Би сакале да го имаме златото и ќе се бориме, како што кажав, до последен момент за него.“

Ф4 турнирот во младинската ЛШ ќе се одржи паралелно со сениорскиот, овој викенд на 14 и 15 мај. Еурофарм Пелистер полуфиналрто со Данците ќе го игра во 09:00 часот наутро.

Целиот разговор со Лозановски можете да го прочитате на линкот во продолжение…

 

Леонид Лозановски: Мотивирани сме – очекувајте нè во финалето во Келн!

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT