Екипата на Магдебург ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите, откако во полуфиналето славеше над Барселона со 31:30.
Херој на бундеслигашот беше искусниот Тим Хоркне, кој во стилот на екс вардарецот Иван Чупиќ му донесе голема радост на Магдебург.
Во финалето, Магдебург ќе се сретне со својот ривал од Бундес лигата, тимот на Фуксе Берлин. Барселона ќе се бори за утешното третo место против Нант.
Погледнете…