Храбар потег на Гргиќ – сам си плати дел од оштетата за трансфер во Фленсбург

460

Најдобриот стрелец во Бундес лигата од изминатата сезона Марко Гргиќ, ова лето беше една од најбараните „роби“ на ракометниот пазар, а на крајот сепак реши да го напушти Ајзенах и да потпише договор со Фленсбург.

Иако првичниот план беше тој да остане уште една сезона во Ајзенах и да се приклучи во Фленсбург следното лето, трансферот се реализираше веднаш.

Но, трансферот не бил ни малку едноставен. Како што објавија повеќе германски медиуми, од кои дел пишуваат и за рекордна отштета од околу 400.000 евра, самиот Гргиќ доплатил дел од сумата за да го обезбеди преминот во еден од најдобрите европски клубови.

„Дел од отштетата наводно ја платил самиот Гргиќ, тоа навистина е силна порака“, пишува Handball-World.

Младиот ракометар своето деби за сениорската репрезентација на Германија го имаше на Олимписките игри во Париз, каде што со своите соиграчи стигна до сребрен медал.

За Гргиќ беа заинтересирани и Барселона, Рајн Некар, Хановер, Фуксе Берлин…

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT