Министерот Ристовски со охрабрувачка посета кај кошаркарите

85

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари работна посета на подготвителната база на македонската сениорска кошаркарска репрезентација, сместена во спортскиот комплекс „НБ Ноел“ во Негорски Бањи.

На покана на претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томе Главчев, Ристовски го проследи попладневниот тренинг на националниот тим кој интензивно се подготвува за претквалификациите за Светското првенство 2027.

Министерот изрази поддршка и им посака многу среќа и спортска среќа на нашите репрезентативци во претстојните натпревари што ги очекуваат во август.

Во рамки на посетата, Ристовски и Главчев направија обиколка на целиот спортски комплекс, уверувајќи се дека објектот обезбедува врвни услови за подготовка на едно национално селекција. Негорски Бањи полека, но сигурно се профилираат како постојана база за македонската кошарка.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT