Селекторката на женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија, Даниела Новеска, го објави списокот на ракометарки кои ќе настапат на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје.
На скратениот список се најдоа 15 ракометарки, меѓу кои и членката на прилепска Деспина, Анастасија Јованоска, што претставува уште една потврда за квалитетната работа во овој клуб и вложувањето во младите категории.
Избраничките на Новеска ќе се натпреваруваат во група со селекциите на Норвешка, Швајцарија и Исланд. Сите натпревари ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 16:00 часот.
Распоред на натпревари:
21.07, 16:00, Македонија – Исланд
22.07, 16:00, Македонија – Швајцарија
23.07, 16:00, Македонија – Норвешка
Натпреварите за пласман ќе бидат на 25 и 26 јули.