Младинската екипа на Куманово победнички ја започна новата сезона, откако на гостувањето кај Вардар славеше со пет гола разлика, 30:25 (14:14).
Избраниците на Димковски и Јовановски до триумфот дојдоа со одлична игра во последниот период, кога од 20:20 се одлепија на 28:20 и рутински ги одработија последните минути.
Домашниот тим во најголемиот дел од првите 30 минути беше во водство, на моменти со предност од 5-6 голови, но гостите се изборија за реми на полувреме.
Во продолжението Куманово наметна повисоко темпо, ја зацврсти одбраната и со ефикасна реализација успеа да ги однесе бодовите.
Шутерски расположен во победничкиот состав беше Мартин Иванов, кој постигна 12 погодоци, а го следеше Христијан Вујичевски со шест реализации.
Кај Вардар, прво име беше Огнен Тасевски, кој исто така запиша 12 погодоци.
Машка младинска лига, 1. коло, резултати:
Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 31:28 (18:11)
Вардар – Куманово 25-30 (14:14)
21/09, 12:00, Бутел Скопје – Мулти Есенс
21/09, 12:00, Еурофарм Пелистер – Алкалоид
24/09, 20:00, Вардар Неготино – Тиквеш