По вчерашната победа на сениорскиот тим на Младост Богданци против Партизан Гевгелија во Првата лига, денеска кадетите на клубот од Богданци триумфираа пред својата публика против Текстилец со 34:32 (15:12) во 2. коло од кадетската лига.
Тимот предводен од Лукиќ и Роглев знаеше како да одигра во клучните моменти, иако гостите од Штип на моменти доаѓаа до минус еден-два гола во вториот дел, но никако не можеа да направат кам-бек.
Методи Младеновски беше предводник во победничката екипа со осум погодоци, шест постигна Никола Тасев, пет додаде Даниел Миладиновски, а по четири имаа Лука Лукиќ и Рубен Ќосев.
Во поразениот табор, најдобар поединец беше Петар Зафиров со седум погодоци, еден помалку имаше Христијан Властов.
Кадетска машка лига, 2. коло, резултати:
Група А
Младост Богданци – Текстилец 34:32 (15:12)
Вардар Илинден – Еурофарм Пелистер 2 – во тек
21/09, 18:00, Радовиш – Вардар
23/09, 15:30, Овче Поле – Мулти Есенс
Група Б
Преспа – Еурофарм Пелистер 22:32 (10:15)
Алкалоид – Охрид 23:20 (11:7)
Пролет – Македонија Ѓорче Петров 37:27 (20:11)
21/09, 16:00, Струга – Прилеп